Двајца на врвот, а само тројца „двоцифрени“ кај стрелците есенва во ПМФЛ!

Со натпреварот помеѓу Арсими и Пелистер денеска заврши фудбалската година во Македонија. Завесата од есенскиот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига е спуштена, и фудбалерите ќе бидат на „одмор“ до средината на февруари следната година.

Есенски шампион е Вардар, а токму од редовите на „црвено-црните“ доаѓа и најдобриот стрелец оваа полусезона. Роџерс Мато одигра фантастично есенва во мак-елитата и противничката мрежа ја затресе дванаесет пати. Но, на врвот не е сам, затоа што ист број на голови има Басиру Компаоре од Струга Трим Лум. Двоцифрен број на голови има уште Шефити од Арсими (11).

  • Најдобрите стрелци во ПМФЛ во есенската полусезона:

1.    Кампаоре (Струга ТЛ)– 12 
1.    Мато (Вардар) – 12 
3.    Шефити (Арсими) – 11 
4.    Мирчевски (Силекс) – 9 
5.    Малески (Струга ТЛ) – 8 
5.    Ндзенгуе (Брера) – 8
5.    Омерагиќ (Вардар) – 8 
8.    Аворњо (Башкими) – 6
8.    Фереира Пирес (Силекс) – 6
8.    Ивановски (Тиквеш) – 6
8.    Шабани (Струга ТЛ) – 6
8.    Таипи (Арсими) – 6
8.    Тамба (Шкендија) – 6 

Пролетната полусезона во ПМФЛ започнува на 15 февруари.