• Зоран Мишевски

Двајца млади фудбалери од академијата на Пелистер следната сезона ќе настапуваат во Црна Гора. Имено, денес Бокељ од Котор информираше дека постигна договор со Илија Ристевски и Андреј Јошевски и двајцата млади фудбалери се обврзаа на договор на една сезона со црногорскиот клуб, со опција за уште една сезона ако двете страни се задоволни од соработката.
Ристевски, кој е офанзивен лев бек и се наметна во Пелистер и Питу Гули, и Јошевски кој ја има улогата на класичен напаѓач веќе една недела тренираат во Котор и одлично се прифатени во новата средина.
Овие млади фудбалери се меѓу ретките македонски фудбалери кои играат во Црна Гора во моментов.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.