Двајца македонски репрезентативци „закачија“ ковид-19

Уште двајца македонски репрезентативци имаат проблем со вирусот ковид-19, откако позитивни се тестовите на Илија Несторовски и Влатко Стојановски.

Италијанските медиуми соопштија дека Несторовски не е во составот на Удинезе поради позитивен тест, а ситуацијата е слична и со Влатко Стојановски кој е во изолација во Франција.

Ова е трет случај во македонската фудбалска репрезентација по завршувањето на втората сезона во Лигата на нации, по позитивниот тест на Стефан Ристовски.