Двајца играчи на Баерн застанаа пред навивачите да се поздрават, летово го напуштаат Минхен

Баерн Минхен доживеа неочекуван пораз на „Алијанц Арена“ и по пресврт загуби од РБ Лајпциг (1-3), со што сериозно си ја загрози одбраната на титулата во германскиот шампионат. Публиката почна да ги напушта трибините уште пред крајот на натпреварот, а во центарот на вниманието беа двајца играчи на германскиот клуб, за кои се верува дека вчера се простија од навивачите на баварскиот клуб.

Во прашање се Жоао Кансело и Бенџамин Павард, кои неколку минути стоеја пред јужната трибина каде се најверните навивачи на Баерн, а германските медиуми тврдат дека на тој начин се простиле од нив.

И претходно се шпекулираше дека Павард сака да си оди, а вчерашната сцена изгледа го потврди тоа. Што се однесува до Кансело, веќе подолго време е јасно дека Баерн нема да го откупи неговиот договор и дека на крајот на позајмицата ќе се врати во Манчестер Сити.

Исто така, во центарот на вниманието беше Џошуа Кимих, кој тажно стоеше неколку минути во центарот на теренот бидејќи беше јасно колку тешко му падна поразот од РБ Лајпциг.

Баварците водеа со 1-0 по првото полувреме со голот на Гнабри, но РБ Лајпциг ги шокираше навивачите на домашниот клуб и со пресврт стигна до голема победа.

Состави

Винсент Компани

4-1-4-1

    Марко Розе

    4-4-2