Двајца екс-репрезентативци на Македонија кандидати за столчето во Пелистер

Екипата на Пелистер се раздели со Димитар Капинковски и е во потрага на нов тренер. Изборот ќе се донесе наскоро, најавија од клубот, а двајца екс-репрезентативци на Македонија се главни кандидати за тренерското место.

Тоа се Виктор Треневски и Милан Стојановски. Двајцата во моментов се без ангажман и се чека на конечната одлука кој ќе ги води „зелените“ во актуелната сезона во која тимот не стартуваше според посакуваното и има само две победи.

Виктор Треневски е поранешен фудбалер на Пелистер, а во македонскиот фудбал како тренер беше дел од Работнички кого го водеше во сезоната 2016/17. Низ кариерата водеше повеќе екипи од Словенија и Црна Гора.

Милан Стојановски, пак, никогаш не работел како тренер во Македонија, а како играч го носеше дресот со државниот грб 26 пати и постигна еден гол. Инаку, тој е роден и израснат во Србија, но од Македонија е по потекло по неговиот татко кој е од охридска Речица.

Последен клуб на Стојановски му беше ИМТ, а беше дел од Телеоптик и уште неколку други српски клубови.