• Саше Љолес

Репрезентацијата на Шпанија оствари сигурен и убедлив триумф над Јапонија со 3-0 (1-0) во четвртфиналето на Олимписките игри и на доминантен начин обезбеди учество меѓу четирите најдобри на фудбалскиот турнир.
Фермин Лопез беше автор на единствениот погодок во првото полувреме и тоа со прекрасен удар од далечина со левата нога. Потоа „фуријата“ само ја запечати победата со уште два гола. Асот на Барселона стрелаше вторпат, сега со десна нога во 73. минута, а конечните 3-0 беа дело на Абел Руиз, кој погоди тринаесет минути подоцна.
„Самураите“ не беа дораснати на моќниот противник, но сепак се претставија во одлично светло на Олимписките игри.
Шпанците во полуфиналето ќе се соочат со незгодната селекција на Мароко.