ВИДЕО: Два прекрасни гола на Блажевски, Тирана го доби дербито со Кастриоти

Македонскиот напаѓач и поранешен репрезентативец, Дејан Блажевски е херојот на албанскиот прволигаш Тирана. Имено, во рамките на 7. коло од шампионатот на Албанија, клубот на некогашниот фудбалер на Вардар славеше со 2-3 на гостувањето против Кастриоти.

Блажевски беше автор на два гола, откако погоди во 37. минута за водство на Тирана од 1-2, а потоа и во 74. минута за финални 2-3.

Тирана по шест одиграни натпревари се наоѓа на седмото место со осум бода, а Блажевски веќе запиша три гола во албанскиот шампионат.