• Зоран Мишевски
Клупите на српските фудбалски гиганти никогаш не биле понесигурни. Белградски Партизан вчера му врачи отказ на тренерот Срѓан Благојевиќ, по двата последователни порази.
Партизан загуби на последните два натпревари, откако сензационално беа елиминирани во осминафиналето од Купот на Србија од Мачва (0-2) и убедливот беше поразен од Чукарички (1-4) во саботата во домашното првенство.
Белградскиот клуб забележа шест победи во седумте натпревари што им претходеа на тие два порази, запишувајќи го единствениот пораз во тој период во „вечното“ дерби против Црвена ѕвезда, и во моментов се на второто место на табелата во српската Суперлига со 31 бод, еден помалку од првопласираната Црвена Звезда.



