ВИДЕО: Два пенали и триумф за Џирона во каталонското дерби

Фудбалерите на Џирона остварија значајна гостинска победа над Еспањол од 2-0 во малото каталонско дерби, одиграно во рамки на 20. коло од шпанската Ла Лига.

  • Извештај од натпреварот:

Иако конечниот резултат сугерира сигурен триумф, натпреварот понуди сосема поинаква слика на теренот. Еспањол беше поконкретен ривал, доминираше во поголем дел од средбата и создаде повеќе изгледни можности за погодок, но сериозниот недостаток на реализација скапо го чинеше домашниот тим. Казната стигна во форма на два реализирани пенали, со кои Џирона максимално ги искористи ретките шанси што ѝ се укажаа.

Првиот клучен момент се случи длабоко во судиското надополнување на првото полувреме. Џирона доби казнен удар, Ванат првично не успеа да го совлада голманот Марко Дмитровиќ, но по интервенција на судијата, пеналот беше повторен. Украинецот вторпат беше посигурен и ја донесе предноста за гостите од 0-1.

Во вториот дел Еспањол продолжи со притисокот и нападите, но без посакуван ефект. Наместо израмнување, следеше уште еден удар за домашните. Во третата минута од судиското надополнување, Џирона повторно доби пенал, а Ванат уште еднаш покажа смиреност од белата точка и ги постави конечните 0-2.

Со овој пораз, Еспањол го врза третиот натпревар по ред без победа и остана на петтата позиција на табелата со 34 бода, додека Џирона со ова изненадувачко славје се искачи на деветтото место со вкупно 24 освоени бода.