ВИДЕО: Два пенала во Стразбур, ПСЖ пак се „лизна“ во Лига 1

Екипата на Пари Сен Жермен забележа втор кикс по ред во француската Лига 1 и како гостин одигра 1-1 (1-0) со тимот на Стразбур кој се наоѓа во средината на табелата.

„Светците“ на овој меч важеа за големи фаворити, но, сепак, не ја оправдаа улогата. Дуелот го одбележаа два гола, а и двата беа од белата точка. Првиот погодок падна пред финишот на првото полувреме, поточно во 41. минута кога Стразбур доби пенал, а го реализира Лала.

ПСЖ од пораз го спаси Единсон Кавани, кој исто така реализираше од пенал во 71. минута од мечот. Во самиот финиш Стразбур постигна и втор гол преку Адриен Томасон, но истиот беше поништен поради офсајд.

Во претходното 15. коло фаворитот од Париз ремизираше кај Бордо (2-2). ПСЖ е лидер во Лига 1 со 44 освоени бода, додека Стразбур се наоѓа на деветтото место со 22 бода.