• Иван Димовски

Италијанскиот прволигаш Монца му врачи отказ на Салваторе Бокети по поразот од Лацио (5-1) во 24. коло на Серија А.
Како што неретко е случај во италијанскиот фудбал, особено во помалите клубови, новото тренерско име е всушност поранешен предводник на тимот. Монца го искористи фактот дека уште на платниот список го има Алесандро Неста и го врати на клупата, неполни два месеци откако го отпушти.
„Монца објавува дека го поништи отказот на Алесандро Неста, кој повтторно ја презема улогата прв тренер на екипата“, објави клубот.
Во првиот свој мандат на клупата на Монца, Неста го водеше тимот на дваесет натпревари во Серија А, забележа само една победа и седум реми исходи во седумнаесет кола. Поранешната италијанска играчка легенда своето второ деби на клупата ќе го има в недела против Лече.