• Мартин Танасковски

Со натпреварите од 1. коло претстојниот викенд стартува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Во новото првенство ќе настапат поранешни шампиони како Македонија ЃП и Шкупи, како и клубови со богата традиција како Работнички и Пелистер, што дополнително ја зголемува неизвесноста и интересот за сезоната.
Седум од осумте натпревари од воведното коло ќе се одиграат во сабота со почеток од 17:00 часот, додека Пелистер својот прв меч ќе го одигра во недела вечер од 19:00 часот под рефлектори во Битола.
Интересно е што во Струмица истовремено ќе се играат два натпревари, каде домаќини ќе бидат Брера и Беласица.




