Два македонски селектори на едно место: Јонуз со поддршка за колегата Хаџиевски

Малку македонски тренери работат во странство и наша обрвска е тој тренд да продолжи, бидејќи скоро секаде нивото, и играчки и организациски, е подобро од нашето. Деновиве сме сведоци на убава пријателска средба на два поранешни македонски селектори.

Мирсад Јонуз го посети својот колега Ѓоко Хаџиевски и неговиот внук, Георг Стојановски, во Варна. Имено, Хаџиевски со успех го води тимот на Спартак Варна и целосно ја придоби довербата на бугарската јавноста и во тешки околности. Пред неколку дена Спартак силно ја намачи ЦСКА Софија и загуби со 1-2, со примен гол во последните моменти. Токму овој натпревар го следеа Мирсад и Дино Јонуз и им дадоа поддршка на Хаџиевски и Стојановски.

Спартак Варна е тринаесетти со 23 бода во шампионатот на Бугарија.

Хаџиевски беше селектор на Македонија од 1996 до 1999 година, а Јонуз го водеше националниот тим од 2009 до 2011 година.