• Иван Димовски
Европската фудбалска федерација - УЕФА доби две кандидатури како потенцијални замени на Милано за домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година. Домаќинството на „Сан Сиро“ му беше одземено поради неколку причини и веднаш се отвори простор за поднесување на кандидатура.
Двата предлози за нов домаќин се Мадрид или Баку. Шпанците го кандидираа „Ванда Метрополитано“, стадионот на Атлетико Мадрид. Од друга страна Азербејџанците се пријавија со својот „Олимписки стадион“ во Баку.
Одлуката за новиот домаќин на финалето во 2027 ќе се донесе во мај.
Инаку, УЕФА претходно ги одреди Минхен за домаќин во 2025, а Будимпешта за 2026 година.