• Иван Димовски
Португалската фудбалска федерација и официјално се раздели со селекторот Роберто Мартинез по елиминацијата на Светското првенство и елиминацијата од Шпанија во осминафиналето. Со тоа започна потрагата по нов предводник на една од најталентираните генерации во португалскиот фудбал.
Како главен фаворит за селекторската функција и натаму се споменува Жорге Жезус, но според португалските медиуми договор меѓу двете страни сè уште не е постигнат, па трката останува отворена. Меѓу најсериозните кандидати е и Серхио Консеисао. Поранешниот тренер на Порто и Милан моментно е без ангажман по заминувањето од Ал-Итихад, а неговото име веднаш се најде меѓу опциите за наследник на Мартинез.
Според тамошните медиуми, Консеисао ја има поддршката од неколку влијателни репрезентативци, кои веруваат дека може да внесе дисциплина, авторитет и јасен систем во националниот тим. Се споменува и можноста легендарниот Пепе да биде дел од неговиот стручен штаб.
Иако Жорге Жезус засега важи за прв избор, Консеисао останува сериозен кандидат. Се очекува поддршка да добие и од дел од поранешната „златна генерација“ на Португалија, предводена од Луис Фиго, додека своја улога во изборот би можел да има и Кристијано Роналдо, кој е во одлични односи со Жорге Жезус.
