ВИДЕО: Два јапонски гола за Салцбург, првакот започна со триумф во новата сезона

Новата сезона на австриската Бундеслига започна со предвидлива победа на Салцбург на теренот на Рапид во Виена со 0-2 (0-1). И без Розе на клупата, шампионот на Австрија беше преселине за најтрофејниот клуб во Австрија и ги запиша првите бодови во сезоната.

На клупата на Салцбург дебитираше Американецот Марш, а двата гола за победничката екипа ги постигнаа јапонски репрезентативци.

  • Извештај од натпреварот:

Минамино во 35. минута го отвори резултатот, а кога се чинеше дека првакот не може да го затвори натпреварот, Масаја Окугава ги постави конечните 0-2.

Преостанатите натпревари од првото коло на австриската Бундеслига се играа денес и утре.