Два италијански гиганти во трка за потписот на најдобриот стрелец во Примера

Се чини дека Џирона полека се подготвува за разделба со најдобриот стрелец во екипата и најефикасниот гоглетер во Примера, Артем Довбик. 

Украинскиот репрезентативец одигра фанстастична и историска сезона во која постигна 24 гола и обезбеди пласман во Лигата на шампионите, но за него веќе пристигнале неколку примамливи понуди и можно е уште летово да ја промени средината. 

Шпанските медиуми пишуваат дека за Довбик има најголем интерес од Италија, а како најконретни понудувачи се споменуваат Јувентус и Интер. Двата гиганти би сакале да го видат во своите редови, но повеќе шанси му се даваат на Јуве, кој нема толку големи финансиски проблеми како големиот ривал. 

Играњето во Серија А може да биде голем предизвик за напаѓачот кој веќе изразил желба да се пресели во посилен и поголем европски клуб, па дали тоа ќе биде некој од италијанските клубови, останува да видиме.

Довбик ја започна кариерата во Черкаси Днипро, а потоа играше уште за Мидтјиланд, Днипро и Сондерјуске. Неговата вредност во моментов се проценува на 35 милиони евра.