ВИДЕО: Два гола за Екеленкамп во лесната победа на Удинезе над Емполи

Екипата на Удинезе ја оствари деветтата победа во Серија А, откако славеше со сигурни 3-0 (1-0) над Емполи во натпреварот од 25. коло. 

Домашниот тим ги освои бодовите со двата гола на фантастичниот Јурген Екеленкамп, а конечните 3-0 беа поставени од Флориан Товен во 90. минута. Удинезе останува на десеттата позиција на табелата. Емполи е прв тим над опасната зона, со еден бод повеќе од Парма

Монца и Лече одиграа не премногу атрактивен меч и ремизираа со конечни 0-0. Непопуларниот резултат остана до крајот поради неколкуте нереализирани шанси на обете страни. Домашниот тим на моменти изгледаше дека е поблизу до погодок, но повторно не го пронајде рецептот за триумф. 

Лече е на петнаесеттата позиција со 25 бода, додека Монца останува „фенерџија“ во Серија А, со само 14 бода на своето конто. 

Состави

Коста Руњајиќ

4-4-2

    Роберто Д’Аверса

    3-4-2-1