ВИДЕО: Блескаво деби на Хоселу во победата над Норвешка, Велс ја шокираше Хрватска!

Селекцијата на Шпанија со победа го отвори новиот циклус на квалификации. На дебито на новиот селектор Луис де ла Фуенте, „црвената фурија“ резултатски без многу проблеми ја надигра Норвешка и ги впиша првите три бода во групата А од квалификациите за Европското првенство во Германија во 2024 година.

  • Шпанија - Норвешка 3-0: 

Средбата во Малага започна со домашно славје и погодок на Дани Олмо по само тринаесет минути игра, а иако двете селекции има понеколку изгледни позиции за гол, на полувреме се замина со минимална предност на Шпанците. Во вториот дел поранешниот светски и европски шампион ја имаше контролата на топката, но му фалеше реализација. Сепак, Де Ла Фуенте во 81. минута го игра го внесе Хоселу и се чини го направи вистинскиот потег, бидејќи 32-годишниот напаѓач за само една минута постигна два гола и на неверојатен начин го зачини своето деби за репрезентацијата.

За Норвешка не настапи најдобриот фудбалер Ерлинг Халанд, кој поради повреда се врати во Манчестер. Сепак, Сарлот и Педерсен се изнапромашија и скандинавските фанови имаат за што да жалат по овој пораз. 

 

Третата светска сила од последниот Мундијал, Хрватска, беше голем фаворит против Велс, но „коцкестите“ имаа разочарувачки настап и квалификациите ги започнаа само со еден освоен бод (1-1).  Крамариќ во 28. минута донесе водство за домаќините од 1-0 и Хрватска долго време го чуваше минималното водство. Но, Велс не се предаде и кога најмалку се очекуваше се избори за големо реми. Радост за малкумината Велшани на „Пољуд“ донесе Бродхед во третата минута од судиското надополнување (1-1).

  • Хрватска - Велс 1-1:

Во последниот натпревар од денешната програма од евро-квалификациите Романија немаше проблеми против Андора и на гости славеше со сигурни 0-2.

Состави

Луис де ла Фуенте

4-2-3-1

    Staale Solbakken

    4-3-3