• Горан Упале
Екипата на Баер Леверкузен ја продолжи победничката серија со која ја заврши 2024 година и во првиот натпревар во новата година славеше голем триумф на дербито со Борусија Дортмунд (2-3). Со вечерашните три бода „апотекарите“ се доближија на само еден бод до лидерот Баерн Минхен, но тимот на Винсент Компани има еден натпревар помалку. Борусија Дортмунд, пак, останува на шестата позиција, со тенденција да падне неколку места.
- Извештај од натпреварот:
Шампионот фуриозно го започна дербито на „Сигнал Идуна Парк“ и по само осум минути игра се избори за водство од 0-2. Поради високиот пресинг кој го наметна четата на Чаби Алонсо, домаќините имаа проблеми со изнесувањето на топката на противничката половина, а по две украдени топки Баер запиша два погодока. Првиот беше вистинско ремек-дело на Теља уште во првата минута, додека седум минути подоцна по брза транзиција Хинкапие го проигра Шик, а овој не погреши од чиста позиција и стрелаше за 0-2.
Сепак, Борусија експресно ја врати неизвесноста на натпреварот и навремено го сопре налетот на шампионот, откако Гитенс во 12. минута намали на 1-2. Но, на спротивната страна веднаш стигна одговорот и по нова тимска акција Чехот Пстрик Шик одново се најде на вистинско место и го врати сигурното водство на својот тим.
На полувреме се замина со 1-3 за гостите, а во вториот дел Борусија имаше целосна контрола на теренот и притискаше, но успеа само да се избори за пристоен пораз, откако Гираси од пенал ги постави конечните 2-3.