ВИДЕО: Два гола на Садик, голема победа за Партизан во Казахстан

Српскиот претставник во Лигата на Европа, екипата на Партизан, забележа победа на гостувањето кај Астана (1-2), прва во новата сезона од најмасовното европско клупско натпреварување.

  • Извештај од натпреварот: 

Белграѓани по ремито со АЗ Алкмар на домашен терен, дојдоа до значајни три бода на незгодното гостување. Човек на одлука беше нигерискиот напаѓач Умар Садик, кој завршува како двоен стрелец.

„Деветката“ на Партизан прво погоди во 29. минута по асистенција на Павловиќ, а триумфот го најави во 73. минута, кога реализира откако доби топка од Начо. Почесникот погодок за домашните го даде Сигурјонсон во 85. минута од средбата.

Партизан во наредното коло ќе игра на домашен терен, а во Белград доаѓа англискиот гигант Манчестер Јунајтед. Астана, пак, првата победа ќе ја бара во Холандија, кај АЗ Алкмар.