ВИДЕО: Нејмар, Мбапе и Санчез тресеа, ПСЖ со „петка“ и за Монпелје

Екипата на Пари Сен Жермен уште еднаш докажа дека е најквалитетен тим во Франција и со победа над Монпелје (5-2) се зацврсти на врвот во Лига 1.

  • Извештај од натпреварот:

„Светците“ лани ја вратија титулата во витрините, а и оваа важат за топ-фаворити. Судејќи по стартот на сезоната, ПСЖ и оваа година ќе нема конкуренција, па ако продолжи во ист ритам уште во средината на сезоната може да направи доволна залиха за првак.

Човек на натпреварот против Монпелје беше Нејмар. Бразилскиот ас постигна два гола во мрежата на противникот, првиот во 43. минута од пенал, а вториот во 51. минута. Исто така даде и хет-трик, но ВАР му го поништи.

Првиот гол на ПСЖ беше автогол на Сачко, а претходно Мбапе промаши пенал, но подоцна се извади со гол за 4-1. Погоди и новајлијата за францускиот првак, Ренато Санчез. Прв стрелец за гостите беше Казри во 58. минута, додека вториот гол за Монпелје го даде Чато во самиот финиш.

ПСЖ има „два од два“, а во следната рунда го чека гостување кај првакот од пред две години, екипата на Лил.

Состави

Кристоф Галтие

3-4-3

    Oliver Dall'Oglio

    4-2-3-1