ВИДЕО: Два гола на Митровиќ, Фулам му „откина“ бодови на Ливерпул!

Фудбалерите на Фулам и Ливерпул одиграа нерешени 2-2 (1-0) во рамките на првото коло на Премиер лигата. Дуелот на „Кревен Котиџ“ двапати понуди водство на домашните со погодоците на Александар Митровиќ, ама Ливерпул преку Дарвин Нуњез и Салах успеа да остане непоразен. 

  • Извештај од натпреварот:

Натпреварот тргна мирно, без премногу возбудувања и со цврста игра на средината од теренот. Фулам успеа да поведе практично од првата вистинска шанса, бидејќи по центаршут на Тете, со глава стрелаше Митровиќ за 1-0. „Црвените“ се обидоа да се вратат до паузата, а Луис Диаз ја погоди стативата и немаше резултатски промени до одморот. 

Во второто полувреме, бргу во игра беше уфрлен Дарвин Нуњез, а тоа се покажа како вистинска одлука. Одличниот млад напаѓач беше најрасположен, константно беше опасност по противничкиот гол и создаде многу проблеми. Фулам имаше можност да ја удвои предноста, по шансата на Кебано, кој ја погоди стативата, па откако домаќините не погодија, стигна казната. 

Во одлична акција, Салах проби по десната страна и упати ниска топка на патерецот. Таму ја дочека Дарвин Нуњез и на мајсторски начин со пета го измами гоманот Родак за 1-1 во 64. минута. Ливерпул беше во налет, Дарвин имаше нова можност, додека се закани и Луис Диаз. Сепак, до следниот гол прв дојде Фулам, бидејќи доби пенал по минимален старт на Ван Дајк врз Митровиќ. Токму Србинот ја презеде одговорноста и биеше во левата голманска страна за ново водство (2-1) во 72. минута. 

Клоп и Ливерпул беа во незавидна положба, ама до нов егал ги одведе Мохамед Салах. Еѓипќанецот комбинираше со Дарвин, па од близина стрелаше за 2-2 во 80. минута од дуелот. До крајот на натпреварот гостите беа поопасни, се обидуваа да победат, ама немаа среќа. Во судиското надополнување се тресеше пречката од голот на Фулам, по една бомба на Хендерсон, па така дуелот заврши нерешено. 

Состави

Marco Silva

4-2-3-1

    Јирген Клоп

    4-3-3