ВИДЕО: Два гола на Мбапе, ПСЖ со камата му наплати на Монако за ремито од пред три дена

По само три дена од спектакуларното реми со шест гола (3-3) во Париз, екипата на ПСЖ му докажа кој е кој во домашниот шампионат на големиот ривал Монако и на гости го совлада со убедливи 1-4, во рамки од 20. коло на Лига 1. 

  • Извештај од натпреварот: 

Во Монте Карло шампионот започна фуриозно и уште во 24. минута ја најави сигурната победа. На фантастична асистенција на Ди Марија, Мбапе излезе сам пред домашниот голман и со прецизен удар на втора ститива го отвори резултатот и донесе радост за парижани. 

До крајот на првиот дел доминацијата на „светците“ резултираше со нов погодок, откако Нејмар погоди од белата точка. Во вториот дел темпото на игра спласна, но тоа не беше проблем за ПСЖ повторно да ја затресе мрежата на противникот.

За 0-3 се погрижи Сарабија и тоа по само една минута откако влезе во игра, додека во самиот финиш Монако преку Бакајоко успеа да намали на 1-3. Но, тоа не беше сè од репертоарот на парижани и Мбапе, откако пред последниот свиреж на судијата францускиот напаѓач ги постави конечните 1-4. 

Со оваа победа, ПСЖ се врати на плус осум бода во однос на второпласираниот тим на Олимпик Марсеј, додека Монако падна на деветтата позиција со 29 бода. 

Состави

Robert Moreno

4-3-3

    Thomas Tuchel

    4-4-2