ВИДЕО: Два гола на Мбапе по асистенции од Меси за триумф на ПСЖ во Нант

Пари Сен Жермен ја запиша петтата победа во француската Лига 1, на гостувањето кај Нант со убедливи 0-3 (0-1) во рамките на шестата рунда. Парижани рано поведоа, а потоа домаќинот на „Стејд де ла Бужор“ доби и црвен картон, па немаше сили да се врати во мечот.

  • Извештај од натпреварот:

Интересно, првата шанса ја имаше Нант, но Самуел Мутусами не успеа да го матира Донарума и биеше над голот. На спротивната страна Данило исто така се обиде безуспешно, изнуди одбрана од Лафонт. Течеше 18. минута кога Килијан Мбапе доби проигрување од Лионел Меси кој одработе добра акција, па Французинот погоди за 0-1. Следеше нов обид за „светците“, преку Хакими, а потоа Фабио заработи директен црвен картон. 

Десет минути по стартот на второто полувреме, Меси упати топка во шеснаесетникот, а Мбапе ја смести во мрежата. Иако првично голот беше поништен поради офсајд, ВАР собата ја анализира ситуацијата и ја промени одлуката, па ПСЖ поведе со 0-2. По многу промени во гостинскиот состав, резервистот Нуно Мендес во 68. минута стрела и го постави конечниот резултат, за сигурна победа на парижани. 

Состави

Antoine Kombouare

5-3-2

    Луис Енрике

    4-3-3