ВИДЕО: Два гола на Мане, историска победа на Сенегал против Бразил!

По дебаклот на Светското првенство во Катар, бразилската репрезентација е целосно непрепознатлива. По поразот од Мароко на почетокот од годината, „кариоките“ вечерва загубија од уште еден африкански состав.

Сенегалските фудбалери вечерва во Лисабон ја совладаа репрезентацијата на Бразил со 4-2. Стрелци за Сенегал беа Хабиб Диало во 22. минута, автогол на Маркињос во 52. минута и погодок на Садио Мане во 55. и седмата минута од судиското надополнување од белата точка. Головите за Бразил ги постигнаа Лукас Пакета во 11. минута и Маркињос во 58 минута.

  • Бразил - Сенегал 2-4: 

Ова е прва победа на Сенегал во меѓусебните дуели со Бразил. 

Домаќинот на следното Европско првенство, Германија, продолжува со негативни партии и лоши резултати. Луиз Диаз и Хуан Квадрадо ги постигнаа двата гола со кои Колумбија ја совлада Германија со 0-2 во Гелзенкирхен.