ВИДЕО: Два гола на Лаутаро, Интер со моќна партија го торпедираше Лече

Екипата на Интер продолжува да игра во фантастична форма и славеше со убедливи 0-4 (0-1) на гостувањето кај Лече во рамките на 26. коло од италијанската Серија А. „Нероаѕурите“ се на одличен пат да ја освојат шампионската титула, а тоа го докажуваат со секое изминато коло. Симоне Инзаги на теренот изведе прилично комбиниран тим и одмори неколку важни играчи, но тоа воопшто не влијаеше на конечниот епилог.   

  • Извештај од натпреварот: 

Првото полувреме понуди помалку мирно темпо на двете страни, Интер немаше премногу шанси за гол, но сепак го отвори резултатот во 15. минута преку феноменалниот Лаутаро Мартинез. Лече се обиде да возврати, но до паузата остана истиот резултат, 0-1. 

Гостите прикажаа комплетно поинаква слика во вторите 45 минути и многу бргу го решија прашањето на победникот. Најпрво Давиде Фратези зголеми на 0-2 во 54. минута по одличната асистенција од Алексис Санчез, а бргу потоа дојде и третиот погодок во мрежата на домаќините. Стрелец беше повторно Латуаро Мартинез, кој истрча една пеколна „контра“ и без проблем го матираше голманот Фалконе, само две минути подоцна. 

Лече беше комплетно „размонтиран“ и делуваше дека полека го губи здивот, а тоа го искористи Стефан Де Вриј, кој доби прекрасна аситенција од Федерико Димарко и ги постави конечните 0-4 во 68. минута. До крајот на мечот Лече имаше две солидни шанси за почесен погодок, но Интер ги затвори сите приоди кон голот и сосема заслужено се радуваше на 21. сезонски триумф, истакнувајќи се како главен кандидат за скудетото. 

Избраниците на Симоне Инзаги сега имаат 66 бода, девет повеќе од Јувентус, а воедно имаат и натпревар помалку, со кој уште повеќе можат да ја зголемат разликата на врвот од табелата. Заостанатиот натпревар против Аталанта ќе се одигра на 28 февруари, а Интер ќе ја има фаворитската улога на својот „Џузепе Меаца“. 

Состави

Марко Џампаоло

4-3-3

    Симоне Инзаги

    3-5-2