ВИДЕО: Два гола на Каиседо, Лацио ја продолжи битката за Европа

Екипата на Лацио забележа важна победа во Серија А откако кај Сампдорија триумфира со 1-2 (0-2) и ја продолжи битката за едно од местата кои преку калчото водат во Европа.

  • Извештај од натпреварот: 

„Лацијалите“ во минатото коло доживеаја шокантен пораз од Киево, но брзо се вратија на победнички пат. Трите бода за тимот од Рим ги донесе Каиседо, кој постигна два гола. 

Еквадорецот првиот погодок на мечот го даде во 3. минута, додека вторпат стрелаше во 19. минута, откако доби топка од Ромуло и биеше во мрежата на противникот. Единствениот погодок Сампдорија го даде преку искусниот Фабио Кваљарела во второто полувреме.

Лацио се наоѓа на седмото место во калчото со 55 бода, додека Сампдорија е деветтопласирана со 48 бода.