Два гола на Ибраими, Струга ТЉ сигурна против Воска Спорт

Mакедонскиот прволигаш Струга Трим Љум со победа ги затвори подготовките за новата сезона во ПМФЛ, откако беше поуспешен од Воска Спорт со 3-1.

За стружани ова беше четврта победа од вкупно петте пријателски средби ова лето. И денес одлична партија имаа новите засилувања Бесарт Ибраими и Фатјон Јусуфи. Поранешниот ас на Шкендија беше творец на два гола, додека Јусуфи во вториот дел стави точка на победата на својот тим. Погодокот за Воска Спорт го постигна Емини за тогашно водство од 0-1.

На подготовките Стуга Трим Љум забележа пораз само од Приштина (1-2), додека славеше победи над Охрид (3-1), Егнатианга (4-2) и Победа 2-0. Токму против прилепскиот состав стружани на седми август ќе ја отворат новата сезона во ПМФЛ.