ВИДЕО: Два гола на Халанд, очекуван триумф за Дортмунд

Екипата на Борусија Дортмунд победи по две кола во Бундеслигата. Големиот фаворит на домашен терен се справи со Гројтер Фирт (3-0) и го одбрани второто место во елитата по 16 одиграни кола.

  • Борусија Дортмунд - Гројтер Фирт 3-0:

Аутсајдерот кој е последен на табелата немаше шанси да парира во домот на „милионерите“. Човек на натпреварот е норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд кој двапати се запиша во листата на стрелците. Првиот гол тој го даде во 33. минута од пенал, додека вториот пристигна во 82. минута од игра. Пред финишот на натпреварот стрела и Мален, за конечни 3-0.

РБ Лајпциг се лизна под водство на новиот тренер и одигра реми кај Аугсбург (1-1). Ривалот кој го совлада Баерн Минхен во самиот финиш се спаси од пораз пред својата публика. Лајпциг водеше скоро цел меч со погодокот на Андре Силва, додека во 85. минута Калигури од пенал ги постави конечните 1-1.

На останатите натпревари Баер Леверкузен и Хофенхајм одиграа ефикасно реми (2-2), додека мечот Унион Берлин - Фрајбург заврши без погодоци.

Состави

Stefan Leitl

4-3-3