• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалски првак во младинска конкуренција, Брера Струмица, ја имаше премиерата во Лигата на шампионите и одигра реми против Сараево од БиХ (2-2) на првиот меч во Струмица.
Брера се врати од два гола негатива, па така се е отворено за реваншот кој ќе се игра во босанскиот град. Двата тима се надигруваа, се до 37. минута, кога Сараево стигна до предноста преку Поповиќ кој погоди по асистенција на Косо.
Имаше проблеми Брера во играта и во креирањето на шансите. Иако се направи тројна измена во вториот дел, струмичкиот тим направи пенал во 69. минута кој во гол го претвори Плоко за 0-2. Домаќинот во игра го врати Мартин Ѓорѓиевски во 76. минута, а во продолжението, иако се имаше шанси за израмнување, на гол се чекаше од пенал кој во 94. минута во гол го претвори повторно Мартин Ѓорѓиевски.
Вториот натпревар меѓу Сараево и Брера Струмица во БиХ е закажан на 2 октомври. Победникот од овој двомеч патува на мегдан со израелски Макаби Петах Тиква.