ВИДЕО: Два гола на Чупо-Мотинг, Баерн лесно го мина првото коло од Купот на Германија

Екипата на Баерн Минхен без многу проблеми ја мина првата пречка во новата сезона од Купот на Германија и вечерва како гостин со сигурни 0-3 (0-2) славеше над нисколигашот Дурен.

  • Извештај од натпреварот: 

Иако со само неколку првотимци, Баварците речиси и да не се испотија против домашниот состав и уште во првиот дел ги решија сите дилеми. Резултатот беше отворен по само 24 минути, откако по фантастична тимска акција Сар асистираше до Чупо-Мотинг, а новајијата во редовите на шампионот од непосредна близина го надмудри домашниот голман и погоди за 0-1.

До крајот на првиот дел доминацијата на Баерн Минхен беше крунисана со уште еден погодок, откако за 0-2 погоди Милер од 11 метри. Големиот фаворит и во вториот дел продолжи со доминантната игра, но успеа да запише само уште еден погодок. 

Фантастичната вечер засилувањето од ПСЖ, Чупо Мотинг ја круниса со уште еден прекрасен гол и во 75. минута ги постави конечните 0-3.