• Саше Љолес
Екипата на Марсеј извојува важен триумф во 14. коло од француската Лига 1 и славеше со 2-0 (1-0) над тимот на Рен. Публиката на „Велодром“ просведочи интересен и возбудлив фудбал, исполнет со неколку добри шанси, два црвени картони и голема борба за бодовите.
- Олимпик Марсеј - Рен 2-0:
Обамејанг ги доведе домаќините во водство многу рано и прецизно реализираше пенал уште во осмата минута. Рен имаше мала иницијатива во продолжението, но без конкретни завршници, а резултатот на паузата остана 1-0 за Олимпик.
Вторите 45 минути донесоа повеќе возбудувања, но со среќен епилог за домашните навивачи. Гостите останаа со играч помалку во 61. минута, кога Кристофер Ву заработи директен црвен картон, а веднаш потоа Олимпикк Марсеј успеа да го удвои водството преку Мароканецот Унаи. Домашните исто така останаа без еден играч после само седум минути, но сепак успеаја да ја задржат предноста и заслужено стигнаа до четвртиот сезонски триумф. Конечниот резултат остана 2-0, а Олимпик Марсеј сега е на деветтото место со 17 бода, додека Рен е дванаесетти со 15 бодови.
Попладнево домашна победа запиша Монако, кој го совлада Монпелје со 2-0. Домашни победи запишаа и Брест и Лил против Клермон и Мец.