ВИДЕО: Два гола и асистенција за Симоновски во Сепси

Македонскиот интернационалец Марко Симоновски имаше успешно попладне во дресот на Сепси и во победата од 3-0 во романскиот шампионат против Калараши даде два гола и запиша една асистенција.

Напаѓачот асистираше за првиот гол, а потоа двапати се запиша во листата на стрелците. Асистенцијата ја забележа во првиот дел, додека двата гола беа супер-брзи, во вториот дел, во 56. и 59. минута.

Сепси е на петтата позиција во романскиот шампионат со 30 освоени бода.