ВИДЕО: Два гола и асистенција на Меси, Интер Мајами убедлив во „мајсторката“

Фудбалерите на Интер Мајами се радуваа на победа против Нешвил од 4-0 во „мајсторката“ и се пласираа во четвртфиналето на МЛС лигата. Одново главен инспиратор на победата беше Лионел Меси кој блесна и на овој натпревар. 

  • Извештај од натпреварот:

Меси ги постигна двата гола во првото полувреме, откако стрелаше во 10. и 39. минута од натпреварот по асистенции од Аленде и Силвети.

Во вториот дел Меси и Алба одиграа одлично двојно проигрување по кое Шпанецот му го намести голот на Тадео Аленде. Потоа Меси добро повлече и контра, испрати топка низ одбраната по која Аленде го постави конечниот резултат.

Аргентинецот против Нешвил на четири натпревари во низа даде вкупно осум гола и подели четири асистенции.