Два гиганти меѓу можните следни европски ривали на Ренова

Челниците на Ренова задовоно тријат раце, бидејќи веќе обезбедија половина милион евра од УЕФА за пласманот во третото коло на квалификациите во Лига Европа. Утре од 13:00 часот во Нион ќе се одржи ждрепката, а „гипсарите“ веќе ги знаат и потенцијалните ривали.

Еден анонимен клуб и два гиганти се можни противници на екипата на Ислами во третото коло. Ренова е дел од групата со Хајдук од Хрватска и Волфсбург од Германија, а во комбинација е и Зрињски од Босна и Херцеговина. Ренова во Ерменија славеше против Алашкерт со 0-1, со голот на Мишковски и се избори за најмалку уште еден натпревар од Лига Европа. Ждрепката ќе одреди и која екипа ќе биде домаќин во единствениот натпревар. 

Силекс, како и Ренова има улога на неносител и ќе добие една од следните екипи.Арарат, Кохан Квеј, Будуќност, Дрита, Фола Еш и Астана.

Натпреварот од третото коло на Лига Европа се игра на 17 септември.