• Иван Димовски
Украинските клубови оваа година во европските натпреварувања на УЕФА ќе се стационираат во Германија. Досега низ квалификациите и претходните години имаа разни домашни терени, а сега ќе се борат за бодови на германски стедиони.
Шахтјор Доњецк ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, а град база и домаќин ќе им биде Гелзенкирхен на „Велтинс Арена“, односно стадионот на Шалке 04.
Од друга страна, Динамо Киев кој досега играше во полски Лублин, во главната фаза на Лигата на Европа ќе биде домаќин на стадионот на Хамбургер, на „Волкспаркстадион“.
УЕФА ги заведе градовите домаќини на украинските клубови и повеќе сезонава нема менување.