Два европски гиганти во сериозна трка за младата сензација на Бенфика

Два гиганти на европскиот фудбал, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен се во голема битка за големата ѕвезда на португалска Бенфика, Антонио Силва. За младиот талент се зборуваше дека ќе се пресели во Реал Мадрид, но се чини дека Јунајтед и Баерн се во пол-позиција за неговиот потпис. 

Се работи за 20-годишен дефанзивец кој веќе игра на највисоко ниво и е стандарден првотимец, а сумата која Бенфика ја бара за негов трансфер изнесува 50 милиони евра. Двете заинтересирани страни не би имале проблем да ги исплатат овие средства и се очекува до крајот на сезоната да пристапат кон посериозни чекори за доведување на младата ѕвезда. 

Антонио Силва веќе има искуство и од Лигата на шампионите, а за репрезентацијата на Португалија досега настапи на седум натпревари.