Два часа по пресот, Почетино доби позитивен наод на ковид-19

Официјалниот Твитер профил на Пари Сен Жермен пренесе загрижувачки вести до фановите, бидејќи најави дека предводникот Маурисио Почетино е позитивен на ковид-19. 

Ова немаше да биде толку страшно ако само два часа порано Аргентинецот не одржеше прес-конференција и даваше интервју за клупскиот канал. Освен тоа, пред само два дена парижани играа во финалето на Суперкупот против Марсеј (2-1), а Почетино стигна до првата титула во Франција

  • Објавата на ПСЖ:

Во ПСЖ стравуваат за ново масивно ширење на вирусот во таборот, бидејќи претходно на стартот од сезоната голем дел од играчите беа позитивни и тогашниот тренер Тухел имаше многу маки, па играше со многу младинци. Сите членови на „светците“ ќе бидат пак тестирани и надгледувани во наредните денови.