ФОТО: Два видео-бима на плоштадот во Приштина – еден за Косово, еден за Албанија

Денес е историски датум за нашиот сосед, Косово. За првпат во историјата оваа земја ќе се натпреварува во фудбалски квалификации за едно Светско првенство, кое во 2018 година ќе се одржи во Русија. 

За нешто помалу од час време косовските фудбалери ќе се соочат со тој предизвик на гостувањето кај селекцијата на Финка, во рамките од групата И. 

Интересно е тоа што во главниот град Приштина поставени се два огромни видеобима, на едниот ќе се следи дуелот меѓу Финска и Косово, а на другиот првиот квалификациски меч на Македонија против Албанија.