• Мартин Танасковски
Македонскиот интернационалец Душко Трајчевски се запиша во листата на стрелците на Докса Катокопијас во рамките на Купот на Кипар.
Докса убедливо славеше над Етникос и му даде пет гола на противникот (5-1). Овој меч се играше во рамки на осминафиналето и изненадува убедливата победа на домашната екипа.
Трајчевски се запиша во листата на стрелците во 62. минута откако погоди од непосредна близина на голот, а погодокот на македонскиот играч од средниот ред беше признат дури и по проверка на ВАР.
На овој натпревар на клупата за резерви останаа двајцата македонски голмани Дамјан Шишковски (Докса) и Мартин Богатинов (Етникос).









