• Мартин Танасковски
Македонскиот дефанзивен играч за врска Душко Трајчевски во новата сезона ќе има нов клуб затоа што си заминува од екипата на Докса Катокопиас за која настапуваше во последните пет години.
33-годишниот Трајчевски ја завршува авантурата на Кипар каде остави длабока трага во клубот и во една од сезоните ја имаше и улогата на капитен. Забележа над 140 настапи за Докса, на кои даде два гола.
Трајчевски дојде во Докса во 2019 година, а претходно настапуваше за Алки од Кипар, како и домашните екипи Работнички, Тетекс и Локомотива. Дефанзивниот играч за врска има настапи и за сениорскиот тим на Македонија, вкупно шест.