Душко Трајчевски има нов клуб во Србија

Македонскиот фудбалер Душко Трајчевски по разделбата со Гостивар е регистриран за нов клуб кој настапува во Србија.

34-годишниот играч за врска е нов фудбалер на Динамо Југ кој се натпреварува во Првата лига на Србија. Според анализите во српските медиуми, се работи за тим кој се очекува да се бори за опстанок, а доаѓа од Врање.

Трајчевски една година настапуваше за Гостивар, а претходно од 2018 до 2024 година настапуваше во Кипар каде ги носеше дресовите на Алки и Докса. Низ кариерата беше дел и од Работнички, Тетекс и Локомотива.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.