Душко Трајчевски горд капитен, Докса минимално славеше над Аполон

Екипата на Докса со победа ги стартуваше пријателските натпревари пред стартот на новата сезона во кипарскиот шампионат.

Во првиот тест од подготвителниот период Докса со минимални 1-0 славеше над тимот на Аполон, а овој меч беше посебен за македонскиот интернационалец Душко Трајчевски. Поранешниот играч за врска на Работнички ја имаше таа чест да биде капитен на својот тим и своето задоволство го искажа на социјалните мрежи.

„Чест ми е што сум капитен“, напиша Трајчевски.

31-годишниот играч за врска ќе ја игра четвртата сезона во дресот на Докса. Претходно една година ги бранеше боите на Орокиники, а од 2012 до 2018 беше дел од Работнички. Негов матичен клуб е Тетекс.