Душан Влаховиќ заврши со фудбалот за 2025 година

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ ќе биде надвор од терените подолг период, откако поради повреда беше приморан предвреме да ја заврши средбата на Јувентус против Каљари. Проблемите се појавија уште во првото полувреме, кога Влаховиќ почувствува болка и не беше во можност да ја продолжи играта, што внесе загриженост во стручниот штаб и меѓу навивачите.

Според информациите од Италија, напаѓачот во наредните денови ќе помине детални лекарски прегледи, по кои ќе биде утврдено точниот обем на повредата и периодот на опоравување. Првичните процени не се охрабрувачки, бидејќи се наведува дека шансите Влаховиќ да се врати на терен пред крајот на годината се минимални.

Овој развој на ситуацијата претставува сериозен удар за Јувентус, со оглед на тоа што Влаховиќ е најдобриот стрелец на тимот во сите натпреварувања, со вкупно 17 постигнати голови. Неговата форма беше еден од клучните столбови на напаѓачката линија на „старата дама“, па неговото отсуство ќе принуди тренерот Лучијано Спалети да бара нови решенија во офанзивата во периодот кој следи.