Душан Влаховиќ одбра нов број, на грбот веќе нема да ја носи „седумката“

Душан

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, во новата сезона ќе ја замени „седумката“, која стоеше на неговиот грб во првата сезона во Торино.

Српскиот голгетер ќе се врати на препознатливата „деветка“, која ја носеше за време на кариерата во Партизан и Фиорентина. Неговиот број ќе го земе Федерико Киеза, кој се очекува да направи кам-бек по тешката повреда на коленото.

Засега не е познато кој ќе ја наследи „десетката“ од Пауло Дибала, кој ова лето си заминува од „старата дама“. Можно е таа чест да ја добие Пол Погба, ако одлучи да направи трансфер назад во калчолигашот.

Новата сезона во Серија А екипата на Јувентус ќе ја отвори на 15 август против Сасуоло.