Душан Влаховиќ доби супер-понуда од „орлите“ од Босфорот

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ сè уште е во потрага по нов клуб, а турскиот гигант Бешикташ испратил исклучително богата понуда за неговите услуги.

Според информациите од италијанските медиуми, претставници на Бешикташ веќе оствариле разговори со таткото на Влаховиќ, Милош Влаховиќ, при што на српскиот голгетер му бил понуден четиригодишен договор со годишна плата од 10 милиони евра.

Покрај тоа, напаѓачот би добил и дополнителен бонус од 10 милиони евра за потпис на договорот. Вкупната вредност на понудата достигнува околу 50 милиони евра, што претставува една од најатрактивните финансиски понуди на маса за 26-годишниот фудбалер.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.