Душан Тадиќ се врати во земјата каде е вистинска фудбалска легенда

Поранешниот капитен на српската репрезентација, Душан Тадиќ, повторно ќе игра во Холандија. Искусниот офанзивен играч денес официјално стана нов фудбалер на НЕЦ Нијмеген, со кој потпиша двегодишен договор.

Тадиќ во новиот клуб пристигнува по одличната сезона на НЕЦ, кој сензационално го освои третото место во Ередивизие и обезбеди настап во квалификациите за Лигата на шампионите.

За 37-годишниот Србин ова е враќање во земјата каде што остави длабока трага во кариерата. Пред да замине во странство, тој настапуваше за Гронинген и Твенте, а најголем печат остави во дресот на Ајакс. Со „копјаниците“, Тадиќ освои три шампионски титули на Холандија, стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите и ја носеше капитенската лента. Неговите настапи во Амстердам го направија еден од најпочитуваните странски фудбалери во историјата на клубот.

По заминувањето од Ајакс во 2023 година, искусниот играч за врска настапуваше за Фенербахче и Ал Вахда од Обединетите Арапски Емирати, а сега повторно се враќа во европскиот фудбал со големи амбиции.

Со своето искуство, лидерски квалитети и познавање на холандскиот фудбал, Тадиќ се очекува да биде едно од најважните засилувања за НЕЦ во сезоната во која клубот ќе се обиде да направи уште еден историски резултат во елитното натпреварување. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.