Душан Тадиќ и другарите во Алкмар играат финале

Фудбалерите на Ајакс се на добар пат да ја одбранат титулата во Холандија. Имаат четири бода предност пред ПСВ, а до крајот на сезоната им остануваат уште три натпревари. Првиот е и најтежок, па судирот со АЗ Алкмар може да се смета за финале за „копјаниците“ (недела, 14:30 часот).

Уште една доминантна сезона за тимот од Амстердам, но овојпат имаше вистински придружник во ПСВ. Водеа одлична трка од почетокот до крајот, но Душан Тадиќ и другарите се поблиску до целта. Српскиот репрезентативец не пропушти ниту еден натпревар во Ередивизие од дебито во 2018 година, а на 190 настапи учествувал во 180 голови на Ајакс. На ниво е и сезонава со 30 (13 гола и 17 асистенции).

Сите квоти во МОZZART за натпреварот АЗ Алкмар - Ајакс

Шефот на Ајакс, Ерик тен Хаг, ќе има огромен мотив. Тој на крајот од сезоната заминува во Манчестер Јунајтед и нема сомнеж дека ќе направи сè што е во негова моќ да им подари на навивачите нов трофеј. Тој веќе има освоено две двојни круни (2019, 2021).
„Копјаниците“ врзаа седум победи во првенството, но претрпеа тежок пораз од ПСВ во финалето на Купот во средината на април.

АЗ, од друга страна, осцилира. Освои осум од можните 15 бода во последните пет кола, а му претстои борба со Твенте за четвртото место со што би го избегнал баражот за пласман во Конференциската лига и би ги обезбедил квалификациите за третото по ранг натпреварување на УЕФА.

Сите квоти во МОZZART за останатите натпревари во Ередивизие

Сепак, тимот од Алкмар може да биде трн во окото на Ајакс. Го совлада оваа сезона на арената „Јохан Кројф“ (2-1), а АЗ и Ајакс имаат четири победи во последните осум меѓусебни дуели. Ќе даде сè од себе да им го отежни животот на избраниците на Тен Хаг и во 32. коло, па нема сомнеж дека нѐ очекува уште една голема пресметка.