Душан Тадиќ бил нападнат од две лица на улиците на Амстердам

Капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ доживеал немили сцени на улиците во Амстердам на крајот на месец јули. 

Имено, ноќта меѓу 27 и 28 јули српскиот фудбалер бил нападнат од две лица со кациги кои сакале да го ограбат. Тадиќ успеал да му го види ликот на едниот од напаѓачите и да си разменат удари, а во случката се здобил со полесни повреди на раката, додека облеката му била скината. 

Фудбалерот успеал да побегне од напаѓачите, влегувајќи во локален ресторан, а тие се откажале од нападот и побегнале со мотоцикл. Тадиќ случајот го пријавил во полиција, а надлежните органи во Амстердам го разгледуваат случајот. Ајакс реши да го зголеми обезбедувањето на српскиот фудбалер по случката. 

Инаку, во претходниот период Тадиќ бил исто така мета на нешто слично, кога две лица со кациги глумеле доставувачи на пица и дошле на вратата на неговиот дом. Иако тој не бил дома, неговата сопруга се посомневала во лошо сценарио и не ја отворила вратата.